Top banner

Што е Агробот?

Агробот 1.0

Агробот 1.0 системот овозможува автоматизација на наводнувањето, дозирање прихрана и контрола на амбиенталните услови во оранжерии.

Агробот 2.0

Агробот 2.0 системот овозможува прецизно дозирање прихрана на поголеми оранжерии од 5 декари до 5 хектари. (до 8 независни канали).

App

Зошто Агробот?

Автоматизацијата ја зголемува конкурентноста на производителот од повеќе аспекти. Намалување на бројот на потребни работници, особено за поголеми површини и потполно го отстранува ризикот од грешки предизвикани од човечки фактор. Воведувањето на автоматски систем од овој тип има големо позитивно влијание на производствените процеси во земјоделието, со тоа што овозможува донесување на правилни одлуки врз база на податоците собрани од мерните инструменти. Во досегашното работење, без пристап до објективни податоци, земоделците се раководат исклучиво врз сопственото искуство и интуиција.

Со Агробот процесите во вашето производство ќе бидат значително олеснети, а вие ќе може да го посветите вашето внимание на теконвите работи во производството.

Соларниот модул овозможува автономно работење на системот на места каде што нема електрична енергија, и допринесува за исклучување или намалена употреба на фосилни горива и поздрава животна средина.

Нашиот тим може да понуди експресно време на реакција за сите проблеми со системот во споредба со конкуренцијата.

Функционалности

  • Автоматско наводнување.
  • Автоматско дозирање на прихрана со помош на механички пумпи.(За површина до 5 декари).
  • Автоматско дозирање на прихрана со помош на електронски канали.(За поголеми површини од 0,5 до 5 хектари).
  • Автоматска контрола на амбиентот врз основа на податоците од локалните мерни инструменти.
  • Анализа на мерените податоци производствениот процес по ден/месец/година.
  • Рано детектирање на услови погодни за паразити и болести.
  • Апликација и интернет страна за преглед и менаџирање на системот.
Автоматизациски модул

Автоматизациски модул

Софтверски робот, кој автономно управува со целата инфраструктура според претходно зададени правила и цели. Воедно ги следи сите релевантни параметри за културите, и алармира за можно појавување на болести и штетници штом се створат услови погодни за нивно размножување. Со навремената интервенција во таквите случаи ќе се спречи нивното ширење пред да направат значителна штета за понатамошмиот развој на растенијата, а трошок за нивното елиминирање е минимален.

Фертигациски модул

Фертигациски модул

Модул за прецизно електронско дозирање на прихраната и киселина со три независни канали (до 8), кој автоматски ја регулира водата за наводнување да е со идеални карактеристики за културите кои се одгледуваат во почва или во хидропонски систем.

Соларен модул

Соларен модул

Целосен соларен систем со фотоволтаици, батерии и софтверско мониторирање и контрола на истите, што го прави Агробот системот самостоен. Тоа е зелено решение кое ќе намали директно загадување на производите од согорување фосилни горива, долгорочно намалување на цената на производство, а воедно индиректно ќе придонесе кон заштита на животната средина.

Придобивки

  • Откривање на сите грешки во досегашниот начин на производство.
  • Намалена потрошувачка на вода, струја и прихрана
  • Зголемено производство од минимум 30%!
  • Идеална калибража кај раноградинарските култури.
  • Намалување на потребата од персонал кој се грижи за наводнување, прихрана и вентилација.
  • Исклучување на можност за грешки од човечки фактор.
  • Навремено детектирање болести и превенција пред да се појават видливи симптоми.

App

Користење на Агробот системот.

За разлика од конкуренцијата, која предвидува обуки во странство за вработените кои ќе управуваат со нивните системи, тимот програмери на Агробот се потруди користењето на нашиот систем да е лесно и едноставно и за луѓе кои немаат напредни вештини за работа со компјутер.

Агробот има неколку нивоа на заштита од грешки при користење. Тоа ја намалува можноста од случајни грешки. Преку пораки ве известува за сите функции што ги извршува, на вашиот мобилен телефон. На овој начин сте цело време запознаени и во тек со работата на системот и воедно со производствениот процес.

Како последна одбрамбена линија, тука е нашиот тим за корисничка поддршка кој ве надгледува се додека не го совладате користењето на системот и ви стои на располагање за сите проблеми и прашања 24/7.

ФИТР Лого Поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија