Сензори
Прецизност
Агробот ги користи најпрецизните дигитални сензори што можат да се најдат на пазарот глобално. Производителите на сензорите се светски реномирани компании, кои повеќе децении се занимаваат со производство на прецизни мерни инструменти за земјоделство.
Трајност
Најголем проблем општо кај сензорите е што се во принцип осетливи на надворешни влијанија, лесно ја губат прецизноста, брзо се кршат и престануваат да работат. Сензорите кои се користат во Агробот се сензори наменети за примена во земјоделие и имаат работен век од 4 до 10 години и се прецизни низ целиот работен век.
Видови на сензори:
За почва: Влажноста (VWC) и температурата (T) на почвата, водениот потенцијал (kJ) и количината на хранливи состојки во почвата кои им се на располагање на растенијата (EC).
За воздух: Температура и влажноста на воздухот во и надвор од оранжеријата.
За вода: Температура на водата, количина на хранливи материи во водата и pH вредност на водата што се испорачува на растенијата.
За притисок: Притисок во инфраструктурата за наводнување.
За проток: Количеството (м3) на вода и прохрана испорачани на растенијата.
Метеоролошката станица мери брзина и насока не ветар, количина на паднат дожд и сончева радијациа.
Функционалности
- Автоматско наводнување според даден распоред
- Основна контрола на прихрана со помош на механички пумпи.
- Прецизна контрола на прихрана со помош на електронски контролирани канали.
- Автоматска контрола на амбиентот врз основа на податоците од локалната метеоролошка станица.
- Мерење на параметри на почвата, водата и воздухот и повеќегодишна историја.
- Рано откривање на паразити и болести.
- Апликација и интернет страна за преглед и менаџирање на системот.