Контрола на амбиенталните услови.
Амбиентална контрола
Амбиентална контрола во оранжериите се врши со повеќе механизми: Кровни или странични капаци за проветрување, завеси за засенчување, вентилатори за циркулација на воздух, водена магла и греење. За правилно користење треба прецизно мерење на повеќе параметри внатре и надвор од оранжеријата и според нив на време да се управуваат механизмите.
Агробот
Правилното управување со механизмите за контрола на амбиент се пресудни за здрав и богат принос. Агробот е автоматски систем кој е во можност правилно да ги контролира сите механизми за амбиентална контрола што се на располагање во вашата оранжерија комбинирано, за да обезбеди оптимални услови на културата што ја одгледувате.
Функционалност
- Мерење на влажност и температура во оранжерија.
 - Мерење на влажност и температура вон оранжерија.
 - Мерење на брзина и насока на ветар.
 - Мерење на количина на дожд.
 - Мерење на светлината што стига до растенијата.
 - Мерење на сончевата радијациа.
 - Мерење на влажност на листовите од растенијата.
 - Заштита од обросување.
 - Известувања преку SMS\Viber\Telegram за промени на состојбата и условите или проблем со системот
 
Прилагодливост
Агробот обезбедува максимални услови користејќи ги механизмите кои ги имате на располагање, укажува на пропустите за максимално производство, и помага во планирањето на понатамошната модернизација.
- Повеќе режими на работа во зависност од културата која се одгледува.
 - Автоматско затворање при силен ветар, како заштита на оранжеријата.
 - Рачен режим на работа.
 - Детална конфигурација на известувања кои ги праќа системот.
 - Можност за додавање на дополнителни мерни уреди.
 - Можност за поврзување со надворешни апликации (пр. сервиси за метеоролошки информации).
 
.. локален тим .. локална поддршка ..
							Поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија