Прихрана и наводнување
Наводнување
Наводнувањето е точно на време со што растенијата имаат секогаш доволно вода и услови за оптимален развој. На време пушта и да сопира вода а со помош на сензорите за почва знае и колкава количина да испорача.
Дозирање прихрана
Фертигацискиот модул овозможува прецизно дозирање прихрана на оранжерии од 0,5 до 5 хектари, значително зголемување на приносите со прецизна контрола на влезните ресурси, која ќе обезбеди заштеда на вода и ѓубриво.
Функционалност
- Задавање на моментален распоред за наводнување и прихрана
- Дефинирање на траен (континуиран) распоред за автоматизација
- Засебна контрола за секоја дефинирана зона
- Основна контрола на прихрана со помош на механички пумпи
- Прецизна контрола на прихрана со помош на електронски контролирани канали
- Апликација и интернет страна за безбедно управување со системот од било каде
- Директно управување (ако треба да се интервенира кога нема интернет конекција)
- Преглед на историја и статистики за работењето
- Известувања на SMS/Viber/Telegram за промени на состојбата и условите или проблем со системот
Прилагодливост
Штелување на системот во зависност од својствата на почвата и на користената опрема (пумпи, вентили, филтри и сл.)
- Надградба на постоечка инфраструктура за наводнување и прихрана
- Специфицирање на интервали и паузи при полевањето
- Подесувања за прочистување на филтри
- Детална конфигурација на известувања кои ги праќа системот
- Можност за додавање на дополнителни мерни уреди
- Можност за поврзување со надворешни апликации (пр. сервиси за метеоролошки информации)
.. локален тим .. локална поддршка ..
Поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија